Убиецот од Цетиње имал жена и три мали деца- сите ги убил

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиецот од Цетиње имал жена и три мали деца- сите ги убил

Според информациите до кои дојде Курир, оваа страшна трагедија се случила поради нерасчистени долгови.

Вучко Бориловиќ (34), наводно си го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и пукал во минувачите.

-Сè уште сме во шок, не ми се верува што направи. Слушнав дека долг е причина за овој грозоморен масакр. Не бил во добри односи со соседите, ги убил, но зошто и неговата невина сопруга и децата – изјави за Курир видно потресен роднина на убиецот.

Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње, каде што завршил основно училиште. Посетувал средно училиште за бродска механика во Белград.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата