„Опозицијата нема да гласа уставни измени, има и пратеници од власта што нема да гласаат“

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Опозицијата нема да гласа уставни измени, има и пратеници од власта што нема да гласаат“

Нека му пренесе некој на Вицепремиерот задолжен за ништо или попознат како “лево сметало” во владата дека од страна на опозициските пратеници ниту еден нема да гласа за уставни измени, реагира пратеникот Љупчо Пренџов дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“.

Реакцијата на Пренџов е во врска со изјавата на вицепремиерот Артан Груби кој изјави дека имало пратеници спремни да гласаат за уставните измени.

– А, да, кажете му дека има пратеници од власта, кои што исто така нема да ги гласаат уставните измени, пишува Пренџов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата