По 33 години семејство ја пронашло пораката во шише, фрлена во морето од нивниот починат син

11.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 33 години семејство ја пронашло пораката во шише, фрлена во морето од нивниот починат син

Според извештајот на U.S. News, неговото семејство доживеало нешто чудесно.

„Јас сум секогаш таков“, изјави за USA Today Били Мичел, нуркач и спасител. „Секогаш барам работи кои се уникатни – дрифтвуд или што и да е… Му реков на мојот пријател: „Има порака во ова шише!“

Мичел го грабнал шишето од океанот и 30 минути подоцна нежно ја отстранил пораката од него. Поголемиот дел од писмото било уништено, но тој можел да го издвои името Тал (иако пишувало Дал), 1989 година и локацијата Оксфорд, Мисисипи, сето тоа напишано со детски ракопис.

„Мојот прв инстинкт беше да си играме детективи. Ајде да го прифатиме предизвикот и да го најдеме ова дете“, изјавил за US News Бред Браб, вработен во компанијата на Мичел.

Момците од Биг Ривер објавиле фотографија од пораката на Фејсбук, каде што била споделена 127 пати. Неколку дена по таа објава Др. Ерик Дал добил телефонски повик од некој што ја видел објавата. Мелани Паркер Дал потоа оставила коментар на објавата.

„Неверојатно е што тоа се случи“, рече Ерик. „Пораката ја добивме 33 години откако Брајан ја фрли. Тоа е како нешто од измислен роман или нешто што би го виделе на телевизија“, продолжил Ерик. „Да го видам ракописот на Брајан кога имал 11 или 12 години беше неверојатно. Брајан беше спортист кој доби рак на многу млада возраст..

„Тоа беше дар од небото. Ние сме побожно семејство и ова е дел од Божјата промисла“, рече Ерик.

„Бевме на екскурзија“, изјави за USA Today Марта Барнет, неговата учителка во шесто одделение, која сега има 82 години. „Пуштавме шишиња со пораки во водата и со години не слушнавме ништо за нив“, рече Барнет.

Ерик, неговата сопруга Мелани и нивниот син Крис отишле во бродоградилиштето во Виксбург за да се сретнат со работниците кои го нашле шишето и да го однесат писмото на нивниот син дома. Моментот кога во живо ја виделе пораката на нивниот син бил многу емотивен.

Мелани изјавила за US News дека Брајан имал прекрасна смисла за хумор, па немало сомневање дека би бил среќен да знае дека неговата порака е примена. Веројатно немал поим дека оваа порака ќе ја види неговото семејство, па може да се претпостави дека писмото било адресирано до странец во далечна земја.

„Кој некогаш би замислил дека ова ќе се случи? рече учителката Барнет. „Мислам дека тоа на некој начин го враќа во живот“, заклучила таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата