Мистеријата на напуштениот авион во поле на Бали: Никој не знае како стигнал таму

11.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мистеријата на напуштениот авион во поле на Бали: Никој не знае како стигнал таму

Се наоѓа во каменолом за варовник во близина на автопатот Раја Нуса Дуа Селатан, во близина на популарната плажа Пандава. Како што често се случува со бизарни и необјасниви работи, има многу теории за тоа како авионот стигнал таму.

Најпопуларна е теоријата на локалното население дека авионот првично бил оставен од богат бизнисмен. Според нив, тој сакал да го претвори во ресторан, но останал без средства пред да успее да ја оствари желбата, па едноставно го оставил авионот паркиран во полето. Но, властите тоа никогаш не го потврдиле, пренесува „Unilad“.

Авионот кој не е во функција побуди интерес кај бројни урбани истражувачи во текот на годините кои се надевале дека ќе искусат нешто малку поинакво на нивните патувања, но за жал, тој е ограден и достапен само за гледање од безбедно растојание.

На Бали постои уште еден напуштен Боинг 737

Сепак, на Бали има уште еден напуштен Боинг 737 кој можете да го посетите. Се верува дека авионот е таму од 2007 година, а гласините велат дека некогаш бил наменет да стане ресторан. Овој втор напуштен авион бил користен како место за настани во 2018 година, а сега останува фасцинантен објект кој посетителите можат да го истражат.

За оние кои се заинтересирани за посета на првиот Боинг, Тони Данел од „Atlas Obscura“ понудил неколку совети, велејќи дека е „доволно лесно да се стигне до него“ сè додека можете „да го забележите од патот“.

„Погледот на авионот е затскриен од автопатот, па мора да ги држите очите отворени инаку лесно ќе го пропуштите. Кога ќе наидете на ѕид од бродски контејнери од страна на патот, веќе сте стигнале. Авионот можете да го видите ако се качите на контејнерите кои го опкружуваат. Или, за подобар поглед, упатете се малку подолу по патот каде што ќе најдете патека која води над авионот. Ќе мора да платите мала такса за да влезете бидејќи авионот се наоѓа на приватен имот“, вели Данел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата