Модел на OnlyFans до СМРТ го избоде дечкото – „Додека таа пиеше во хотелот, брат ми лежеше во ковчег“

11.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Модел на OnlyFans до СМРТ го избоде дечкото – „Додека таа пиеше во хотелот, брат ми лежеше во ковчег“

Кортни Клени (26) од Мајами во април го избодела до смрт својот партнер, каде полицијата го пронашла неговото тело во луксузен стан. Таа тврди дека тоа го направила во самоодбрана, поради што дури сега била приведена.

Братот на починатиот изјавил дека тоа е затоа што Кортни е модел на платформата OnlyFans, односно има привилегија на „богата бела жена“, а не затоа што го избодела во самоодбрана. Слични коментари има и на нејзините социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courtney Tailor (@courtneytailor)

Како што пренесува  Mirror, нејзиниот адвокат Френк Прието изјавил дека е „целосно шокиран“ од апсењето на неговиот клиент бидејќи тие цело време одлично соработувале во истрагата и биле подготвени да се предадат доколку бидат покренати обвиненија. Тој исто така рекол дека Клени морала да го избоде нејзиното момче бидејќи ја фатил за врат и ја давел.

После нападот, Клени била одведена во ментална институција од страна на полицијата, по што набрзо била пуштена и останала во хотел во Мајами, каде луѓето почнале да ја препознаваат и да и кажуваат дека си го убила своето момче, додека таа седи по кафичи како се да е нормално.

Ниту братот на починатиот не можел да поверува.

– Додека таа пиеше во хотелот, брат ми лежеше во ковчег – изјави тој.

Трагичниот пар бил во врска околу две години, а соседите често се жалеле на расправии и викање, а полицијата наводно морала да интервенира од време на време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата