Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво (ВИДЕО)

10.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво (ВИДЕО)

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се руски цивили кои решиле да побегнат од полуостровот по вчерашните огромни експлозии во руската воена воздухопловна база Саки на западот на Крим.

Иако официјален Киев молчи за експлозиите во руската воена база на Крим, висок украински функционер, кој сакаше да остане анонимен, денеска изјави дека украинските специјалци се одговорни за насилните експлозии што вчера ја уништија руската база.

Крим е популарна туристичка дестинација за Русите, особено за време на летните одмори.

“Не сакам да го напуштам Крим. Овде е толку убаво. Овде се навикнав, како да бевме дома. Сè беше толку убаво”, рекла Русинка која денеска побегнала од Крим со своето семејство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата