По силните експлозии на руски воен аеродром на Крим, реагира Москва (ВИДЕО)

9.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По силните експлозии на руски воен аеродром на Крим, реагира Москва (ВИДЕО)

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како огнена топка се формира по силната експлозија, додека густите облаци црн чад се издигнуваат кон небото.

„Муниција наменета за воздухопловните сили експлодирала во магацин лоциран на територијата на воениот аеродром Саки, во близина на градот Новофедоривка“, се вели во соопштението на руската армија.

Магацинот не бил цел на никакво гранатирање или пукање, се додава во соопштението за печатот, но причината за експлозиите не е прецизирана.

Непосредно претходно локалните власти известија дека недалеку од воениот аеродром одекнале „неколку експлозии“, но не се соопштуваат детали што ги предизвикало.

Полуостровот Крим, кој и припаѓаше на Украина, беше анектиран од Москва во 2014 година. Руски авиони полетуваат од Крим речиси секој ден и одат во мисии за гаѓање цели во регионите под контрола на Киев, а неколку делови од полуостровот се во домет на украинските топови и беспилотни летала.

И покрај воениот конфликт, Крим сè уште е омилено место за летен одмор за многу Руси кои уживаат во летниот одмор на неговите плажи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата