Џон Леџенд го прекина 20- годишното пријателство со Канје Вест поради Трамп и политиката

5.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џон Леџенд го прекина 20- годишното пријателство со Канје Вест поради Трамп и политиката

„Ние не сме пријатели како порано, искрено верувам дека тоа е затоа што јавно не се согласивме за неговата претседателска кандидатура и неговата поддршка за Доналд Трамп. Мислам дека тоа стана премногу за нашето пријателство“, рече Леџенд.

Во април 2018 година, двајцата се судрија околу пораките за поддршка на Канје за Трамп, а Леџенд му рече на раперот: „Толку многу луѓе кои те сакаат се чувствуваат изневерени во моментов затоа што знаат каква штета предизвикува политиката на Трамп, особено на обоените луѓе. не дозволувај тоа да биде дел од твоето наследство“.

Леџенд, исто така, објасни како Вест бил лут на него што не ја поддржал неговата неуспешна претседателска кандидатура во 2020 година. „Патем, не беше единствениот“, забележа водителот Акселрод. „Не бев единствениот, но знаете, тој не беше среќен поради тоа. И оттогаш навистина не сме блиски“, возврати Леџенд. Познатиот пејач објасни каков е Канје како личност.

„Мислам дека тој беше многу отворен за тоа кој е, а исто така беше многу отворен за неговите борби со менталното здравје. И тој е многу реален, искрено. Затоа, мислам дека нема многу работи за него што луѓето не ги сфаќаат. Тој исто така беше доста отворен во своите мислења, неговите борби, сите работи со кои се соочува. И мислам дека со него најмногу го добивате она што го гледате“, заклучил Леџенд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата