Охриѓанец измамен за 19.000 денари

5.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Охриѓанец измамен за 19.000 денари

Во четвртокот во Полициската станица Гостивар, 63-годишник од Охрид пријавил дека претходниот ден бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари.

Според пријавеното, лицето телефонски се претставило како менаџер во угостителски објект во тетовско и му порачало угостителска опрема и побарало од него на влез во Гостивар да се сретне со друго лице, да земе дел за комбајн и да му го плати, а парите ќе му ги даде кога ќе се видат во Тетово.

Исто така, според пријавата, откако ги дал парите го барал лицето, но не можел да го добие по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата