Кинескиот амбасадор во Вашингтон повикан на разговор во Белата куќа

5.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинескиот амбасадор во Вашингтон повикан на разговор во Белата куќа

„По дејствијата на Кина во текот на ноќта, го повикавме амбасадорот Чин во Белата куќа да му врачиме официјален демарш за кинеските провокативни дејствија“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за „Вашингтон пост“.

Кина денеска одлучи да воведе санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и нејзиното семејство, како одговор на, како што рече кинеското Министерство за одбрана, „злобните“ и „провокативни“ дејствија, поради нејзината посета на Тајван во вторникот, јавија британските медиуми. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата