Американска амбасада по апелот на Русковска: “Ова прашање е тековен процес кој треба да го решат надлежните органи“

4.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американска амбасада по апелот на Русковска: “Ова прашање е тековен процес кој треба да го решат надлежните органи“

Oд амбасадата на САД се јавија по апелот на обвинителката Вилма Русковска која се пожали на притисоци.

По синоќешниот повик на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал до сите меѓународни институции и амбасади да пружат помош преку проверка на фактите кој во државата е криминалец, а кој се бори против криминалот, од амбасадата велат дека тоа прашање треба други институции да го решат.

„Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив. Се чини дека ова прашање е тековен процес и прашање кое треба да го решат надлежните органи“, се наведува во одговорот на амбасадата на САД.

Вилма РУСКОВСКА бара странска помош за „загрозувачкиот притисок“ од Муареми: ВЛАСТА Е ПОД ИСТРАГА, НЕ Е САМО ТОЈ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата