Тензијата расте: Кинески авиони влегоа во воздушниот простор на Тајван

4.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тензијата расте: Кинески авиони влегоа во воздушниот простор на Тајван

Системите за противвоздушна одбрана ги следеа, објави Министерството на својата веб-страница.

Денеска Кина ги започна најголемите воени вежби во својата историја во водите околу Тајван како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на островот. Кина смета дека тоа е провокација, знак на поддршка за поддржувачите на независноста на Тајван и прекршување на ветувањето на САД дека нема официјални односи со Тајван.

Кинеската војска лансира серија проектили кои прелетаа над Тајван и паднаа за прв пат во ексклузивната економска зона на Јапонија. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши објасни дека тоа е првпат кинески балистички ракети да навлезат во јапонската ЕЕЗ. Проценката за бројот на истрелани проектили, девет, ја даде Јапонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата