Салихамиџиќ: Баерн Минхен оди по стапките на Ливерпул и Сити!

4.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салихамиџиќ: Баерн Минхен оди по стапките на Ливерпул и Сити!

Откако “баварците“ го продадоа Роберт Левандовски во Барселона, речиси сите фанови на Баерн Минхен, па и целата европска фудбалска јавност очекуваше ракводството на клубот да купи нов класичен напаѓач. Да, купен беше Садио Мане, но реално тој не е таа класична “деветка“. Имаше неколку опции, но изгледа дека Баерн се откажал од таа намера.

За ова свое објаснување има Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на “баварците“…

Одиме по стапките на Ливерпул и Манчестер Сити. Овие два клуба со години играат без класична `деветка`. Имаме екстра квалитет во нападот, па не гледам причина токму сега по секоја цена да купуваме класичен напаѓач. Има тука неколку опции и сега треба тренерот да го искористи тоа“ посочи Салихамиџиќ.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата