Муареми: Доколку Русковска располага со информации и сознанија, нека поднесе обвинителен акт против мене

4.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Муареми: Доколку Русковска располага со информации и сознанија, нека поднесе обвинителен акт против мене

Улогата на еден јавен обвинител најмалку од сѐ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.

Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа.

Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, ѝ одговори на Русковска директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, откако таа синоќа побара јавноста, странските амбасади, но и европската обвинителка Лаура Ковеши да реагираат на, како што го нарече, загрозувачкиот притисок од Муареми.

Ја повикувам Рускоска доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна истите да ги докаже и на јавноста да и плсира обвинителен акт против мене а не празни и неосновани сознанија и информации дисредитација во целост функцијатата која ја извершува. Негонење организиран криминал поради притисоци претставува кривично дело. А вашата чест и улед е беспредметно да ја коментирам,вашиот повик до амбасадите за „помош“ нека го потврдат и она што јавниот обвинител го утврди со надзорот при вашето незаконско работење и неетичко постапување.Одговорност за вашето самоволие мора да има.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата