Илон Маск во костим за капење: СИТЕ МУ СЕ СМЕАТ! Ликот е БЕЛА ТЕХНИКА!

19.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илон Маск во костим за капење: СИТЕ МУ СЕ СМЕАТ! Ликот е БЕЛА ТЕХНИКА!

Илон Маск решил да се одмори на грчкиот остров Миконос. Имено, Маск е фотографиран со пријатели и непознато женско лице за кое постои сомневање дека е неговата нова девојка. Атрактивната бринета ги привлече сите погледи, а пријателите на Маск веднаш паднаа во втор план покрај неа.

Неодамна се шпекулираше дека Маск е во врска со актерка две децении помлада од него. Фотографиите кои тогаш се појавија ги поткрепуваа шпекулациите. Маск уживаше во друштво на младата актерка. Парот беше фотографиран набргу откако Маск доби дете со поранешната партнерка.

Тогаш многумина негативно го коментираа неговиот физички изглед, а се чудеа како успеал покрај себе да има две децении помлади убавици од него. Јавноста овој пат не остана рамнодушна на атрактивната бринета, која престојува со него на Миконос.

 

Ilon Mask
Девојката облечена во жолта комбинација, која го истакнува нејзиното витко тело, изгледа како сирена. Се уште не е познато која е, но очигледно е дека е многу помлада. Илон секој пат поместува граници и тоа му поаѓа од рака зашто секоја следна девојка му е помлада и поубава од претходната.

 

Ilon Mask

Но она што ги заскокотка неговите хејтери не е девојката, туку неговиот физички изглед. На Твитер врие од негативни коментари за него.

„Типов е бела техника“, „Се надеваме дека ставил крема со висок фактор“, „Кој не би имал дете со овој човек“… само дел од коментарите под фотката на Твитер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата