„Планот на Спасовски за да го заплаши и малтретира народот кој доаѓа на протести“ (ФОТО)

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Планот на Спасовски за да го заплаши и малтретира народот кој доаѓа на протести“ (ФОТО)

Пратеникот Зоран Коцевски сподели вибер комуникација, за која на социјалните мрежи се тврди дека е меѓу началници и полицајци. На принтскриновите се гледа како полицајците добиваат насоки кого да претресуваат на влез во Скопје, со што луѓето кои доаѓаат на протест од Тетово и Куманово ќе бидат запрени, задржани и легитимирани. На социјалните мрежи се тврди дека насоките доаѓаат директно од врвот на МВР, односно од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

„Ова е планот на бандитот Оливер Спасовски за да го заплаши и малтретира народот кој доаѓа на протести, во тоа поддршка му даваат и кадрите на ДУИ за заеднички да легитимираат и малтретираат граѓани кои ништо не сториле освен што дошле на протест зашто си ја сакаат Македонија!!!

Оливере, оставка, пробиен ти е планот, забега во диктатурата, после ова, ти си само еден голем БАНДИТ!!!

Крајот ти се гледа, фатен си на дело, ќе си одговараш“, пишува пратеникот Коцевски на Фејсбук споделувајќи ги фотографиите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата