ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КАРЛЕУША И ТОШИЌ! Ова е сумата што Душко ќе ја дава за алиментација, а еве што уште ќе ФИНАНСИРА

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ КАРЛЕУША И ТОШИЌ! Ова е сумата што Душко ќе ја дава за алиментација, а еве што уште ќе ФИНАНСИРА

Станува збор за огромна сума пари.

Пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ се разведоа по 14 години брак.

Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил откри дека таа и Душко Тошиќ ја донеле одлуката за развод и дека на оваа тема нема да се огласуваат. Исто така, напишала дека таа го има старателството над децата, а целиот брачен имот е префрлен на нивните две ќерки.

Нивниот брачен имот се состои од две вили. Едната се наоѓа на Дедиње, а пред неколку години Карлеуша и Тошиќ ја купиле вилата од Драган Стојковиќ Пикси, која Тошиќ платил 3 милиони евра, другата куќа се наоѓа во Лисичје Поток.

Бидејќи нивните ќерки се малолетни, Јелена ќе располага со имотот додека не пораснат. Карлеуша исто така ќе го има старателството над децата, Душко ќе плаќа алиментација. Наводно, месечната алиментација ќе изнесува 5.000 евра, и ќе го финансира нивното образование, пишува “Нова“.

Сите договори се донесени споразумно, а Тошиќ, кој е многу приврзан за ќерките, ќе може да ги гледа кога ќе посака, бидејќи како спортски менаџер поголем дел од времето го поминува во Турција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата