Либан планира да врати десетици илјади бегалци во Сирија и покрај противењето на ОН

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Либан планира да врати десетици илјади бегалци во Сирија и покрај противењето на ОН

„Ние сме сериозни во врска со спроведувањето на овој план и се надеваме дека ќе го сториме тоа во наредните месеци“, рече вршителот на должноста министер за бегалци на Либан, Исам Шарафедин.

Според планот на либанската влада, земјата месечно ќе враќа 15.000 бегалци во Сирија.

Во Либан во моментов има повеќе од милион Сиријци кои ја напуштиле својата земја поради десетгодишниот конфликт.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) се спротивставува на планот на либанската влада за присилна репатријација, нагласувајќи дека тоа ќе ги доведе бегалците во опасност. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата