Лицето кое пукало кон демонстрантите кај плоштадот Скендербег e Цуфи Кока

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лицето кое пукало кон демонстрантите кај плоштадот Скендербег e Цуфи Кока

Полицијата го привела лицето кое денеска испука повеќе истрели од пиштол за време на протестите против францускиот предлог на скопските улици. Се работи за активист на партијата Алијанса на Албанците.

Лицето Цуфи Кока кое денеска пукаше од огнено оружје за време на протестите против францускиот предлог е уапсено од полицијата, потврдуваат оттаму за Дојче веле. Засега не се знае ништо за неговите мотиви.

Инцидентот се случи во моментот кога демонстрантите против францускиот предлог го минуваа подвозникот под Стоковната куќа Мост во близина на трговскиот центар Мавровка. Една група која се наоѓаше кај плоштадот Скендеберг и групата демонстранти на булеварот најпрво фрлаа со камења и шишиња едни кон други. Потоа групата демонстранти се упати кон втората група и дојде до кошкање и опасност од физичка пресметка. Во тој момент Кока извадил пиштол и испукал повеќе куршуми. Реакцијата на полицијата спречи поголем инцидент.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата