Знакот на Европската банка СКАП ЗА ОДРЖУВАЊЕ, ЌЕ ГО ПРОДАВААТ

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Знакот на Европската банка СКАП ЗА ОДРЖУВАЊЕ, ЌЕ ГО ПРОДАВААТ

Често користениот симбол за приказната за Европската централна банка (ЕЦБ), сината скулптура на еврото висока 14 метри и 50 тони, сега е на продажба, бидејќи станал прескап за одржување, пишува порталот Политико.

Делото на германскиот уметник Отмар Хорл го одржуваше непрофитната организација Франкфуртер Култур Комитет, која 21 година ја води Манфред Пол, а тој додава дека зголемениот вандализам и немањето спонзори доведоа до одлука да се понуди скулптурата на аукција во октомври.

Контактиравме 110 банки во изминатите 12 месеци, а 90 од нив не ни одговорија, рече Пол.

Европската централна банка, која обезбедуваше 15.000 евра годишно за одржување на скулптурата, исто така не е заинтересирана за дополнително финансирање, ниту присуствуваше на состанокот во април за да обезбеди одржување, рече тој.

Пол, сепак, додава дека неговата организација добила писма за интерес од бројни поединци и компании.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата