Анкета на „Алфа рисрч“: Има таков народ на Слави Трифонов под цензусот

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анкета на „Алфа рисрч“: Има таков народ  на Слави Трифонов под цензусот

Последната анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека доколку во Бугарија се одржат предвремени парламентарни избори партијата на Слави Трифонов Има таков народ воопшто не би влегла во новото Народно собрание, бидејќи е под потребниот изборен цензус од 4 отсто.

Партијата на бугарскиот шоумен Слави Трифунов “„Има таков народ“ која  што излезе од владејачката коалиција и заедно со опозицијата ѝ изгласа недоверба на владата на Кирил Петков, во моментов има поддршка од само 3,3 отсто.

Инаку резулатите на анкетата на „Алфа рисрч“покажуваат минимална разлика од околу еден процент помеѓу партијата ГЕРБ на Бојко Борисов и Промените продолжуваат на Кирил Петков

Во однос на останатите партии, има минимална разлика помеѓу опозициската ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која е на прво место и владејачката Продолжуваме со промените на премиерот во оставка Кирил Петков.

Поддршката за ГЕРБ, според анкетата, изнесува 21,5 отсто, додека за Продолжуваме со промените е 20,2 отсто.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) во моментов е на трето место со 11,5 отсто.

Демократска Бугарија би имала 7,1 отсто од гласовите, а Препородба 7,9 отсто.

Новата партија на поранешниот технички премиер на Бугарија Стефан Јанев, Подем за Бугарија, би добила пет отсто поддршка.

Рејтингот на претседателот на Бугарија, Румен Радев, пак, е паднат за осум отсто. Иако рејтингот од 51 отсто во април годинава е паднат на 43 отсто со последната анкета спроведена во јуни, Радев останува најодобуваниот политичар во државата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата