5 РАМСТЕКА, 30 ТОСТА И 50 КАФИЊА – Демонстраните со нарачка од бифето во влада (ВИДЕО)

5.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
5 РАМСТЕКА, 30 ТОСТА И 50 КАФИЊА – Демонстраните со нарачка од бифето во влада (ВИДЕО)

Бидејќи бифето во влада има едни од пониските цени за храна и пијалоци, демонстрантите пред влада кои се борат против францускиот предлог се обидоа да направат нарачка.

Тие деновиве спијат во шатори пред Владата и па се јавија во владиното бифе и се обидоа да направат нарачка на храна и кафиња.

„Би сакале да нарачаме 5 рамстека, 20 тостови со пршута и 30 кафиња, нека има и за полицајците“ – рече Жаре Близнак додека телефонски разговараше со вработените во владиното бифе.

Оттаму, пак, му возвратија дека за толкава нарачка мора да се консултираат со шефот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата