ПАНИКА НА ВИМБЛДОН! Лета и Надал?! Шпанецот тренирал и правел селфи со ЗАРАЗЕНИОТ Беретини

28.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПАНИКА НА ВИМБЛДОН! Лета и Надал?! Шпанецот тренирал и правел селфи со ЗАРАЗЕНИОТ Беретини

Шпанскиот тенисер тренирал на Централниот терен со Италијанецот Матео Беретини, кој денеска се повлече од Вимблдон поради позитивен корона наод.

Короната прави хаос на Вимблдон! По хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, позитивен на корона е и еден од најголемите фаворити за освојување на турнирот – Италијанецот Матео Беретини.

Беретини денеска ја информираше јавноста дека бил принуден да се повлече од турнирот бидејќи бил позитивен на вирусот.

„Имам симптоми  и неколку дена сум изолиран. И покрај тоа што симптомите не беа посериозни, решив утрово повторно да се тестирам и да го заштитам здравјето и безбедноста на сите учесници“, рече Беретини.

Пред да замине во изолација, Италијанецот тренираше со најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал. Матео беше со Шпанецот на Централниот терен, разговараше со него, правеше селфи, се ракуваше и така го загрози и него!

 

Rafael Nadal, Mateo Beretini

Англиските медиуми побрзаа да објават дека и Новак тренирал со Чилиќ пред неколку дена и дека може да го напушти турнирот доколку се покаже позитивен на вирусот, а сега кога нивниот миленик е загрозен, нема такви шпекулации.

Rafael Nadal, Mateo Beretini

Се уште не се знае дали Надал бил тестиран и каков е резултатот. Шпанецот денеска треба да излезе на теренот и да го одигра првиот осминафинален натпревар против Франциско Серундол. Тој дуел треба да започне околу 16 часот на Централниот терен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата