Петков: Јас сум премиер, НЕМА ПРОМЕНА НА СТАВОТ ЗА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петков: Јас сум премиер, НЕМА ПРОМЕНА НА СТАВОТ ЗА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, неколку часа пред почетокот на Самитот на ЕУ, од Брисел порача дека ќе го одржи зборот и ќе остави одлуката за Македонија да ја донесе Народното собрание.

„Оваа одлука мора да ја донесе бугарскиот парламент. Јас си го одржувам зборот, без разлика кој што сака од мене. Нема хипотетичка можност за ништо друго. Јас сум премиер на Бугарија и кога ќе кажам нешто си стојам на зборот. Она на што се надевам е дека сепак во наредните денови ќе имаме одлука на Народното собрание“, рече Петков.

Тој рече дека лично му се допаѓа францускиот предлог и смета дека неговото усвојување би било историска можност за Бугарија, но тоа, рече, мора да се направи на вистински начин.

Петко  го критикуваше бугарскиот претседател Румен Радев дека не зазел цврст став по ова прашање и дека не го свикал Консултативниот совет за национална безбедност.

„Ако си претседател, го свикуваш советот, седнуваме заедно, дискутираме и излегуваме. Но маските паднаа, уморен сум од кукавици. Ќе го одржам ветувањето кон бугарскиот народ и се надевам дека ќе има отворена дискусија бидејќи тоа е историски момент. Овој предлог е многу добар, но поентата е дека мора да се прифати на вистински начин“ рече Петков.

Тој ја критикуваше и опозицијата која поднесе предлог и инсистира на усвојување на предлогот откако вчера, пак, опозициските пратеници во Комисијата за надворешна политика бараа прво предлог-одлука на владата, а потоа тие да се произнесат.

„Не можете да излезете на телевизија и да се удирате во гради дека ќе направите нешто, а потоа да ја блокирате Комисијата. Не ми се верува дека втор ден не може да обезбедат кворум. Знаете ли зошто немаат кворум? Затоа што се плашат и не можат да изберат ни претседател на собранието. Тие се кукавици и мислат само како да манипулираат. Ако навистина имаат став, Комисијата ќе заседава денес. Ако сте државници, одете во Комисијата донесе одлука“, изјави  Петков.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата