Прекинато судењето за Мики Алексиќ поради дојава за бомба

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прекинато судењето за Мики Алексиќ поради дојава за бомба

Судењето на Мили Алексиќ е прекинато денес поради дојава за бомба во Високиот суд во Белград. На професорот по глума му се суди за силување и полово вознемирување на студентки во неговото школо. Тој денес требаше да продолжи со изнесување на неговата одбрана.

Со адвокатот и сопругата тој во зградата на Палатата на правдата пристигна околу 10:30 часот. Пред вратата го пречекаа активисти со транспаренти на кои пишуваше „Правда за жртвите и казна за сторителот“, и „Ѝ веруваме на Милена Радуловиќ“.

Тој во судницата дојде како слободен човек, откако 10 март му беше укинат домашниот притвор, во кој беше од 10 септември минатата година. Алексиќ е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две во продолжено траење и пет кривични дела за полово вознемирување.

Првото за сексуално злоставување е обвинение кое го покрена глумицата Радуловиќ. Брзо по нејзиното обвинение се јавија и уште неколку девојки меѓу кои и Ива Илинчиќ. За потсетување, Алексиќ беше уапсен на 16 јануари минатата година и до 10 септември беше во притвор.

Подоцна истиот му беше заменет со домашен притвор со електронски надѕор, по што на 10 март му беше укинат истиот.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата