Мицкоски слави со Комитите во Келн

2.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски слави со Комитите во Келн

Честитки од сите страни пристугнуваат на контото на македонскиот ракометен првак Вардар. Црвено- црните и денеска покажаа што значи да се остави срцето на терен, и како се сака својата држава.

Откако премиерот Заев, претседателот Пендаровски и поранешниот премиер Никола Груевски упатија честитки до Вардар, сега и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, покажа колку е горд на македонските ракометари кои денеска успеаа да ја победат екипата на Вестпрем.

Вардар е голем клуб, со уште поголемо срце. А за кого, ако не за црвено црните кои не прават горди, за Македонски Вардар, за нашите шампиони, до уште една голема победа!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, непосредно пред натпреварот.

Но по победата на Вардар, како што и беше очекувано, се салвеше со многу емоции. На навивачката група Комити се приклучи токму тој, лидерот на ВМРО, Мицкоски кој дирекно во Келн отпатува да ги бодри македонските ракометари.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата