Норвешка: УКРАИНА Е КОРУМПИРАНА и националистичка… Треба да чека за влез во ЕУ

11.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Норвешка: УКРАИНА Е КОРУМПИРАНА и националистичка… Треба да чека за влез во ЕУ

Украина, на дневна основа, има барања од ЕУ и САД кои, императивно, очекува да им бидат извршени, без оглед на околностите. Во спротивно, украинското државно водство веднаш реминува во напшад врз оние кои не им ги исполнуваат барањата, а тоа оди се врвот на моќ во ЕУ – до германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон. Другите се подразбираат.

Зеленски и Украина сега бараат итен прием на Украина во Европската унија, тоа ќе ги спасело нив од воен пораз, ќе ја спасело Европа од руски воен напад, ќе го спасело светот од агресија врз демократијата… Украина, со брз влез во ЕУ, ќе го спречела сето тоа.

Но, европските држави не се подготвени и понатаму да ги исполнуваат сите желби дојдени од Киев. Се чини дека барањето за итен влез во ЕУ е границата, пред се затоа што според нив има внатрешни причини за тоа без оглед на војната. Норвежаните решија тоа да го објават јавно.

Норвешката радиодифузна корпорација НРК наведува пет причини зошто Украина не е пожелна за експресен влез во ЕУ:

✔️ широко распространета корупција;

✔️ проблеми со владеењето на правото и демократијата;

✔️ олигарсите ја контролираат економијата и политиката;

✔️ сиромаштија и национализам;

✔️ Забрзаниот влез на Украина во ЕУ ќе биде неправеден кон земјите кои тоа го чекаат со години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата