Клоп: Реал играше како да мора, освен голот не направи ништо друго!

29.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клоп: Реал играше како да мора, освен голот не направи ништо друго!

Ливерпул беше поразен во финалето на Лигата на шампиони од Реал Мадрид со 1-0. Иако „црвените“ беа подобри во поголем дел од мечот, „кралевите“ на крајот постигнаа погодок за искачување на европскиот трон.

Големо разочарување владее меѓу играчите на Ливерпул, а менаџерот Јирген Клоп се

“„Со соблекувалната веќе никој не смета дека имавме одлична сезона. Ќе ни бидат потребни неколку часа за да сето ова го свариме. Одигравме одбро, но не перфектно. Перфектен натпревар не е возможен против против кој игра длабока формација. Имавме многу шанси, но и чисти шанси. Примивме гол од изведување на топката од аут. Се обидовме после примениот гол да се вратиме, сакавме да бидеме храбри. Можевме да одиграме подобрар фудбал. Можеше и Мадрид, но ниту тие не успеаја. Тие играа како да мораат, освен голот не направија ништо друго. Имаа уште еден шут, ние имавме девет“.

Клоп порача дека неговиот тим ќе игра финале и следнатас езона.

„Чувството е чуедно. Не е лошо да стигнеш до финалето, тоа е некаков успех, но не каков што сака. Знам дека одново ќе играме финале. Овие момци имаат натпреварувачки дух, ќе бидеме тука во финалето и следната сезона. Каде се игра: Во Истанбул? Резервирајте хотел“, порача Клоп.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата