ТРЕБА ДА СИ НА ЧИСТО: Ова се знаците дека нема љубов, со вас е САМО ПО НАВИКА

1.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРЕБА ДА СИ НА ЧИСТО: Ова се знаците дека нема љубов, со вас е САМО ПО НАВИКА

Дали имате лоша интуиција за вашата врска, како од утробата да чувствувате дека таа нема да ви донесе среќа во животот?

Нема ништо погрешно во тоа да сакате да бидете сакани.

Но, некогаш толку многу посакуваме романса што се задоволуваме со просечна врска и недоволна посветеност од страна на партнерот.

Размислете добро - дали ве сака доволно?

Знаци дека не е вљубен во вас, туку сте му само навика:

- Никогаш не ви се отвора емоционално и не ви дозволува да ѕирнете во неговиот внатрешен свет.

- Нема некоја значајна врска зад себе и сето време првенствено си го посветувал на самиот себе, партнерките секогаш му биле во втор план, исто сте му и вие.

- Тој е комплетен противник на какво било искажување на емоции во јавност.

- Контактира со поранешни партнерки и со тоа покажува непочит кон вас.

- Понекогаш се чувствувате како странец покрај него.

- Ве познава само површински и не се ни интересира да дознае нешто повеќе за вашите желби, потреби и стравови.

- Секогаш се трга на страна кога имате кавга и не е заинтересиран да го реши конфликтот.

- Никогаш не се грижи во која насока оди вашата врска и дали има шанси да заврши.

- Не му е грижа низ каков период минувате и дали се чувствувате добро.

- Минува повеќе време со пријателите, отколку со вас.

- Постојано како да не е комплетно присутен во мигот со вас, секогаш на ум има некоја поважна работа.

- Не ве запознава со своето семејство.

- Имате лоша интуиција за вашата врска, како од утробата да чувствувате дека таа нема да ви донесе среќа во животот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата