Собранието треба да ја продолжи 71. седница

25.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собранието треба да ја продолжи 71. седница

Пратениците денеска треба да ја продолжат дебатата по точките од дневниот ред на 71. пленарна седница, која почна во понеделникот со расправа за Дополнетиот предлог на законот за финансиска стабилност.

На дневен ред на седницата се и годишните извештаи за 2021 година за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата, како и извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година.

Пратениците треба да расправаат и за Предлогот за кандидат за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.

На дневниот ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина и Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата