Одбојкарите завршија во Маврово, в понеделник се селат во „Борис Трајковски“

21.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одбојкарите завршија во Маврово, в понеделник се селат во „Борис Трајковски“

Македонската одбојкарска репрезентација ги заврши подготовките на Маврово пред стартот на настапите во Европската сребрена лига. Двата контролни натпревари со Албанија во кои остваривме по една победа и пораз, се добар показател на моменталната форма на тимот на новиот селектор Павличевиќ, кој треба да ја темпира формата за првата фаза од натпреварувањето.

„Има доста работи кои ќе мора да поработиме. Ова е еден нов амбиент, со некои нови играчи за кои ќе треба малку трепение и време, за сите да се прилагодиме. Имаме уште три тренинга пред мечот со Босна и Херцеговина. Апетитите се зголемуваат секој ден и се надевам ќе отвориме добро со победа на дуелот со БиХ“, истакна капитенот Никола Ѓорѓиев, на завршницата на подготовките на Маврово.

Нашата селекција викендов доби денови за одмор, а веќе во понеделник наутро ќе го има и првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“, каде в среда од 20:15 часот ќе се сретнеме со Босанците во првиот меч од групата „Б“.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата