„Двоен грабеж“: Цените во Германија растат – грамажата се намалува

21.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Двоен грабеж“: Цените во Германија растат – грамажата се намалува

Во Германија потрошувачките цени постојано растат, но се чини дека количината во пакувањето на производите е намалена.

Германски Билд пишува дека покрај тоа што многу производи поскапуваат, се намалува и нивната тежина.

Ова значи дека клиентите сега плаќаат повеќе за помалку.

„Потрошувачите всушност се двапати ограбени“, предупредуваат германските центри за потрошувачи.

Ја намалуваат тежината и користат поевтини состојки

Економистот Гунтер Шнабл од Универзитетот во Лајпциг наведува дека производителите се обидуваат да ја сокријат инфлацијата, па затоа нудат помали тежини во пакувањето.

Ги предупредува потрошувачите да внимаваат на тежината.

„Голем број производители користат поевтини состојки, ги менуваат рецептите и го намалуваат квалитетот на производите. На потрошувачите ќе им биде уште потешко да го препознаат тоа“, изјави економистот Шнабл за Bild.

Тој даде и еден пример и рече дека повеќе млеко во прав се користи во чоколадните производи отколку какаото.

Билд напиша неколку примери на производи кои имаат повисока цена и помала тежина.

Еден од нив е чипсот Pringles кој порано чинел 2,59 евра и тежел 200 грама, а сега чини 2,79 евра за 185 грама.

Сега има само 77 таблети во пакувањето на машините за миење садови Somat Classic, во споредба со 82 претходно.

Храната за мачки на Шеба сега содржи 66 грама храна наместо 80, а цената остана иста и изнесува 99 центи.

Производителот ја оправда повисоката цена со „сосема поинаков рецепт“.

Цената на топеното сирење Микан беше 1,99 евра, додека сега чини 2,29 евра. Во исто време, пакувањето е помало за 10 грама, пишува Билд.

Фото: Шутер

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата