Урнебес во Црна Гора, играчот само падна, судијата покажа на пенал (ВИДЕО)

21.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Урнебес во Црна Гора, играчот само падна, судијата покажа на пенал (ВИДЕО)

Нереална сцена е видена на средбата од претпоследното коло во црногорскиот шампионат.

Долго ќе се зборува за натпреварот меѓу Подгорица и Искра од Даниловград, но не поради фудбалот и головите, туку поради пеналот досуден за домаќините во последната минута од натпреварот.

На подгоричани им беше потребна победа бидејќи се борат за опстанок, а како дојдоа до неа е посебна приказна.

Околу 200 гледачи присуствуваа на сцената од последната минута кога играчот на Подгорица едноставно падна во шеснаесетникот, а судијата Пајовиќ едвај чекаше да покаже на белата точка!

Бољевиќ го искористи подарокот пенал и донесе победа на својот тим од 3:2.

Судијата пред пеналот го исклучи и гостинскиот фудбалер Перовиќ.

Погледнете го „пеналот“ на приложеното видео.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата