Поради скапото гориво и КОЊИТЕ ЌЕ ПОСКАПАТ

21.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради скапото гориво и КОЊИТЕ ЌЕ ПОСКАПАТ

Сопственичката на штала во Германија и тренерката на коњи Стефани Кирхнер решиле да заштеди пари.

Имено, таа веќе нема да оди на работа во теренско возило, туку со помош на кочија, по поскапувањето на горивото поради војната во Украина.

Стефани Кирхнер (33) пресметала дека на тој начин може да заштеди околу 250 евра месечно, со оглед на количината на гориво што нејзиното возило го троши, но наместо 10-15 минути во иднина, таа ќе патува во една насока по еден час.

-Кочиите се популарни меѓу децата, но некои возачи стануваат нервозни затоа што им се брза, а кочија влечена ги забавува на патот, вели Стефани Киршнер.

Таа признава дека нејзиниот одговор на поскапувањето на горивата не е за секого.

„Не можам да ставам коњ во гаража за паркирање. Мислам дека многу повеќе јавачи би оделе на работа доколку околностите се прилагодат на коњите“, изјави Стефани Киршнер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата