Азовстал ЌЕ БИДЕ СРУШЕН?

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Азовстал ЌЕ БИДЕ СРУШЕН?

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин изјави дека судот ќе одлучува за судбината на украинските војници кои се предале во Азовстал.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека вкупно 959 украински војници, од кои 80 ранети, се предале од бункери и тунели под фабриката за челик Азовстал, пренесува Ројтерс.

Највисоките украински команданти во фабриката за челик Азовстал во Мариупол се уште се во фабриката и допрва треба да се предадат, изјави денеска Пушилин, пренесува британската агенција.

Пушилин зборуваше за плановите за обнова на градот и за војниците кои го напуштија Азовстал.

Железарницата Илич ќе се обнови, а Азовстал ќе се урне. На местото на Азовстал предлагаат да се изгради парк зона или технолошки парк, одлука се уште не е донесена“, рече Пушилин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата