САД повторно ја отворија Амбасадата во Киев

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД повторно ја отворија Амбасадата во Киев

Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, успешно ја брани својата татковина наспроти неиспровоцирана инвазија на Русија, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.

Како што јави Гласот на Америка, во документот се нагласува дека по три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата.

– Гордо стоиме со и продолжуваме да ги поддржуваме владата и народот на Украина додека ја бранат својата земја од бруталната агресивна војна на Кремљ, се додава во соопштението.

Американската амбасада беше затворена на 14 февруари, десет дена пред почетокот на руската инвазија врз Украина./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата