Германците ИТНО ДА ШТЕДАТ НА ЕНЕРГИЈА, бара министерот за економија

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германците ИТНО ДА ШТЕДАТ НА ЕНЕРГИЈА, бара министерот за економија

Нападот на Русија врз Украина ја принуди Германија да ја преиспита зависноста од руската енергија, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Тој ги повика населението и стопанството да дадат свој придонес во тоа со итна заштеда на енергија.

„Ги започнавме сите лостови за да станеме понезависни и да се подготвиме за следната зима“, изјави Хабек за „Функе“, пренсе Ваз.де

„Се обидуваме брзо да најдеме други извори за снабдување со гас и да изградиме инфраструктура за тоа… Но, штедењето е најпристапниот и најефикасен придонес за отфрлање на зависноста“, рече тој.

Според него, помалата потрошувачка ќе го намали притисокот врз цената на и онака „ужасно скапото фосилно гориво“.

„Тој притисок е огромен, особено врз семејствата со помали примања, но ја оптоварува и економијата“, додаде Хабек.

Тој најави дека Владата „интензивно работи“ на мерки за подобрување на енергетската ефикасност на земјата, вклучително и стимулации и субвенции.

„Задачата сега е заштедата и префрлањето на обновливите извори на енергија сега. Заедничка национална цел на политичарите, индустриите, компаниите и потрошувачите е да помогнат и да успеат“, рече Хабек. „Тој што штеди енергија ја зајакнува државата и го спасува својот паричник“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата