Нова шанса за остварување на сонот: Веспрем и Манасков се првите патници на Ф4 во Келн

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова шанса за остварување на сонот: Веспрем и Манасков се првите патници на Ф4 во Келн

Веспрем завери ново учество на фајнл-фор завршницата во Келн во Лигата на шампиони, вкупно седмо во својата историја. Унгарскиот тим е прв патник кој обезбеди место меѓу четирите најдобри екипи оваа сезона, на реванш средбата против Алборг на гости беше поразен со 37-35, но благодарение на позитивата од седум гола од првиот меч успеа да се најде во Келн.

За Веспрем за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков ова ќе биде нова шанса да дојде до посакуваната титула.

И двата тима уште еднаш понудија неверојатна ракометна претстава, со брзи и мајсторски погодоци. Домаќинот во последните 15. минути се издигна, успеа да дојде до водство од три гола, но негативата од седум гола од првата пресметка беше тешко да се надокнади.

Момир Илиќ во првото полувреме имаше решение за сите можни ситуации, а тимската игра им донесе посакуван резултат на овој двобој. Веспрем поведе со 1-3, Алборг кој не беше комплетен, израмни на 7-7, но противникот брзо дојде на плус три 7-10. Во составот на гостите имаше голем број на расположени ракометари. Домашниот тим во овој дел доаѓаше до егал, но никако не успеаваше да поведе. На одморот резултатот беше 20-21.

По 11 минути игра во второто полувреме, Веспрем имаше плус три 26-29. Алборг го искористи исклучувањето кај противникот, израмни на 29-29. Момент по кој се целосно се издигна домашниот тим, поведе со 32-30 во 50 минута. Ова беше период во кој унгарскиот тим немаше реализација, Гаде беше на ниво на задачата, влезе во серии на одбрани. Па Алборг на пет минути до крајот дојде на плус три 34-31, сепак немаше време за нешто повеќе.

Дејан Манасков не успеа да се запише во листата на стрелци.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата