Анкета: Македонија во ЕУ, АМА ПРВО ДА ГО ИСПОЛНИ ДОГОВОРОТ, сметаат Бугарите (ФОТО)

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анкета: Македонија во ЕУ, АМА ПРВО ДА ГО ИСПОЛНИ ДОГОВОРОТ, сметаат Бугарите (ФОТО)

Бугарите остануваат цврсто на ставот дека Македонија мора прво со своите постапки да покаже дека е добар сосед на Бугарија и дури потоа да добие „зелено светло“ за ЕУ, според истражувањето на Галуп интернешнал

Јавното мислење во Бугарија покажува условен сооднос од 10 спрема 1 (61,8% наспроти 6,1%) дека Македонија треба да биде во ЕУ, но само доколку Скопје го спроведе договорот меѓу двете земји, односно бугарските граѓани сметаат дека Македонија не треба безусловно да ја добие нивната поддршка.

Традиционално, има значителен дел (10,7%) кои дури би се согласиле дека Бугарија воопшто не треба да и дозволи на Македонија – под никакви околности влеез во ЕУ.

На директното прашање што е поважно: брзиот европски пат на Македонија или првото решавање на нашите билатерални односи, соодносот е 6,4% наспроти 69,7%. Според социолозите, позициите за двата показатели се поцврсти во последните месеци отколку во времето пред две години, кога првпат биле спроведени – кога темата повторно ескалираше.

Студијата е независна и финансирана од Gallup International.  Спроведена на 805 возрасни Бугари, помеѓу 29 април и 6 мај 2022 година – преку директно интервју лице в лице со таблети во двофазен случаен примерок на возрасната популација во земјата.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата