Радев до Макрон: ОБВРЗУВАЧКИ ГАРАНЦИИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА за Македонија

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Радев до Макрон: ОБВРЗУВАЧКИ ГАРАНЦИИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА за Македонија

Во интерес на стабилноста на обединета Европа е секоја земја-кандидат за членство во ЕУ да ги поддржува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, а Бугарија очекува дефинитивни резултати од Македонија во овој поглед пред да се согласи за почеток на преговорите. Ова го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев во разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, објавија бугарските медиуми.

Франција е меѓу земјите кои бараат од Бугарија да го укине ветото за членството на Македонија во ЕУ.

Румен Радев посочил дека двете земји се договориле да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на Македонија, но се уште нема резултати во оваа насока.

Очекувањето на Бугарија за правно обврзувачки гаранции да бидат вклучени во преговарачката рамка за Македонија и да се обезбеди спроведување на обврските страна на Македонија, се вели во соопштението.

Радев истакнал дека неспроведувањето на Билатералниот договор за пријателство и добрососедство и соработка од страна на Македонија, 5 години по неговото потпишување, бара конкретни чекори и резултати, чија имплементација ќе ја врати и зајакне довербата.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата