Куманово го урна сонот на Ангели со „стотка“ низ Кисела Вода

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куманово го урна сонот на Ангели со „стотка“ низ Кисела Вода

Куманово го осигура своето место во Првата лига следната сезона. Во осмото коло во плеј-аут лигата го совлада составот на Академија ФМП со убедливи 75-109 и го згасна сонот на Ангели. Дебитантот имаше минимални шанси да се извлече од претпоследното место кое носи во Втората лига, но сега веќе истите не постојат. Куманово по овој дуел има 41 бод, доволно за потврда на зацртаната цел.

Првата четвртина изобилуваше голем број на поени, паднаа 63. Гостите доминираа во текот на целиот натпревар, на одморот заминаа со позитива од 49-61, до крајот без проблем го приведоа овој дуел.

Зивчевиќ и Јузубашиќ беа ударниот тандем на гостите, заедно постигнаа 63 поени, вториот имаше и дабл-дабл, зад своето име запиша 14 скока. На другата страна Тодоровски запиша 27 поени.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата