Започна изведбата на нов парк во Карпош

31.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Започна изведбата на нов парк во Карпош

Започна изведбата на нов парк. Од Општина Карпош велат дека на површина од 4.000 метри квадратни, во близина на стариот влез на Градски парк, под булеварот „8 Септември“, целосно ќе се раззелени простор кој до овој момент бил запуштен.

Според планот, во новиот парк ќе има новопроектирани високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици.

Предвидено е да има простор за детски игри (детско игралиште), како и оградено место за домашни миленици.

Од Општината наведоа дека во овој парк ќе биде поставен и мултифункционален контејнер, со цел правилно одлагање и селекција на отпадот. Изведбата на паркот се очекува да заврши на почетокот на август.

„Поставувањето на новото зеленило и садници е донација од компанијата „Хорти Експерт Урбан Груп“, со што сакаат да ја покажат својата општествена одговорност и грижа кон заедницата. Општина Карпош во изминатиов период интензивно работи на зголемување на зеленилото и заштита на животната средина. Неодамна заврши и пролетната акција за засадување на 287 нови дрвја, а се раззеленија и дел од училишните дворови и платоа“; додаваат од Општина Карпош.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата