Посебен сообраќаен режим поради натпреварот „Триоги Триатлон“

14.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Посебен сообраќаен режим поради натпреварот „Триоги Триатлон“

Поради натпреварот „Триоги Триатлон“ денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје.

-Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно, информираат од МВР.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата