Русија ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска

13.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска

Финскиот оператор Фингрид соопшти дека руската компанија Интер РАО го прекинува снабдувањето поради „проблеми со примање плаќања за електрична енергија што се продава на пазарот“.

Овој потег стапува на сила еден ден откако Финска ја сигнализираше својата намера да се приклучи на НАТО.

Финска купува само 10% од електричната енергија од Русија, а според Фингрид, дефицитот ќе го надополни со набавка на повеќе енергија од Шведска и зголемување на производството во Финска.

Финска очекува да стане независна во однос на електричната енергија до 2023 година, додаде компанијата, пренесе Индекс.хр.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата