Заев: Работев со Груевски, ОВА СЕГА ШТО Е ТАМУ ВО ВМРО-ДПМНЕ Е МНОГУ ПОЛОШО

26.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Работев со Груевски, ОВА СЕГА ШТО Е ТАМУ ВО ВМРО-ДПМНЕ Е МНОГУ ПОЛОШО

Премиерот и претседател на владејачката СДСМ Зоран Заев препорача да се сменат работите во ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето што мисли за најголемата опозициска партија и дали смета дека треба и таму треба да се случат промени.

„Работев со Никола Груевски, ова сега таму што го има, е полошо“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на состанокот на ЦО на СДСМ. 

„Мое не е да ја оправам опозицијата, туку да посакам подобра опозиција, што ќе ја критикува власта подобро да работи“, рече Заев.

Тој кажа дека СДСМ имал доблест да ги слушне критиките од граѓаните и дека опозиционите партии може само да сонуваат за таква доблест.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата