Зошто најдобриот од Влада би работел за граѓаните како ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР - а не како министер

26.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто најдобриот од Влада би работел за граѓаните како ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР - а не како министер

При промоција на новиот генерален секретар на СДСМ премиерот Заев изјави дека Љупчо Николовски веќе нема да биде министер за земјоделие иако бил еден од најдобрите министри.

Според Заев, Николовски како ген-сек на СДСМ ќе работи за граѓаните.

- Суштински одлуки донесовме вечерва, јавно им се заблагодарувам на сите кои денеска престанаа да ја извршуваат функцијата, како и трите организациони секретари, на 6-те потпретседатели, на ИО на СДСМ.

Ова е сериозен израз на одговорност, израз на примање на пораките од граѓаните. Во следните денови ќе имаме консултации за назначување на новите органи. Целиот фокус ќе го насочиме кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Почнавме од нашите редови. Оваа шанса за датум за ЕУ не смее да ја пропуштиме. Секој што прима пари од граѓаните, мора да ги исполнува своите обрвски, без разлика на локално, централно ниво. Избравме претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Граѓаните испратија порака - останаа дома. Еден дел зошто не гласаат за претседател на државата, еден дел - зошто ни порачаа - корегирајте се. Следуваат денови за промени во извршната власт, а за 3 недели ќе има нови именувања во СДСМ. Топлиот ветар да го искористиме за сите.

Љупчо Николовски нема да биде министер за земјоделство веќе, тој е нов генерален секретар на СДСМ. Тој е еден од најуспешните министри на СДСМ, прави чекор наназад за една победничка варијанта и во иднина.

Бескомпромисност кога е во прашање интересот на граѓаните, ја има мојата поддршка и на сите од СДСМ, изјави Заев по седницата на ЦО на СДСМ.

Зошто Заев го повлекува својот според него “најдобар министер” за кој му бил чест да биде во владата и зошто тој би работел за граѓаните како партиски функционер а не како министер засега никому не му е јасно.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата