Заев: Ќе бидат сменети повеќе од тројца министри

26.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Ќе бидат сменети повеќе од тројца министри

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе бидат сменети повеќе од тројца министри, но не сакаше да ја открие точната бројка ниту имињата.

„Повеќе министри ќе бидат разрешени, бројката не ја кажувам. Досега се сменети 6 министри, јас сум вкупно до бројката од една третина од Владата. Ќе има повеќе од тројца министри“, рече Заев.

Тој, исто така, не сакаше да открие кој ќе дојде на местото на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска е назначен за генерален секретар на СДСМ, на местото на Александар Кирацовски.

„Имам во глава решение. Штом ќе ја донесам одлуката ќе ја соопштам“, рече Заев.

Тој најави дека во периодот што следува ќе има промени освен на министри и на заменици министри и директори.

„Секаде каде што нема резултат односно се покажала ароганција, немало успешност, немало демократски капацитет, ќе има промени. Голем фокус ќе има на локалната самоуправа таму има слабости и кај градоначалници и кај локални прептријатија, мора да има промена оти ветивме живот за сите и тоа мора да го исполниме“, рече Заев.

Премиерот кажа дека ќе станува збор за нови кадри, а не за ротација.

На новинарско прашање дали и тој ќе даде оставка, Заев рече дека не гледа причина за тоа.

„Оваа влада, овој премиер ги реши сите отворени прашања. Не гледам никаква причина Зоран Заев да даде оставка. Не ми паѓа на памет да дадам оставка, гледате како сум релаксиран“, рече Заев.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата