Иран демантира дека преговара со САД

26.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран демантира дека преговара со САД

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата дека Техеран започнал преговори со САД.

Портпаролот на иранското министерство, Сед Абас Мусави, категорично ги отфрла наводите на официјалните претставници на Кувајт дека САД и Иран почнале преговори.

„Нема директни или индиректни разговори меѓу САД и Иран“, рекол Мусави.

Врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеј, на состанокот со високи владини претставници на 14 мај изјави дека Техеран одбил да го продолжи дијалогот со САД.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, еден ден подоцна на „Твитер“ порача дека е убеден дека Иран наскоро ќе сака повторно да започне преговори.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата