Уште една недела за проверка на даночните пријави

26.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште една недела за проверка на даночните пријави

Од утре почнува да тече и последната недела од рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава. Последен ден до кога треба да се провери точноста на податоците внесени во пријавата е 31 мај (петок).

Даночните пријави можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот. Потоа ќе можете да го погледнете формуларот со пресметките, како и да извршите евентуални корекции на вредностите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата