Синот на Бекамовци направил скандал во ресторан!

26.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синот на Бекамовци направил скандал во ресторан!

Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, и неговата девојка Хана Крос жестоко се испокарале и направиле скандал во еден елитен ресторан за време на филмскиот фестивал во Кан. Двојката била сместена во еден од тамошните најелитни хотели, но тоа не им било доволно да се опуштат и да уживаат. Туку квалитетно се испокарале и тоа додека во отворениот ресторан пред хотелот пиеле пијачка. Во почетокот седеле опуштено, но идилата траела кратко зашто почнале страотно да се караат. Останатите гости биле во шок заради жестокоста на кавгата. 

„Во еден момент таа почна да плаче и да вреска“, раскажал очевидец за „Сан“ и додал: „Се беше драматично, се навредуваа, викаа.“

Наводно ова не им е прв да се караат, а дури и Дејвид и Викторија биле загрижени заради турбулентната врска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата